Кошаркарската легенда на Литванија, Арвидас Сабонис, кој сега ја има претседателската улога во матичната федерација, најави дека неговата земја ќе се обиде да добие организација на еден од квалификациските турнир за место на ЛОИ во Токио во 2020 година.
Според програмата, 24 земји ќе бидат поделени во четири групи а само победниците на крајот ќе обезбедат виза за собирот во Јапонија. Литванците планираат како град домаќин да го пријават Каунас со арената – „Жалгирис“.
ФИБА ќе ги прима кандидатурите од потенцијалните организатори до ноември. Тие ќе треба да уплатат 2,3 милиони евра и да ја чекаат одлуката која ќе биде соопштена догодина во месец март.