Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Еурофарм Работник немаше сила да ја заврши работата до крај во Шпанија
    Ракомет

    Еурофарм Работник немаше сила да ја заврши работата до крај во Шпанија

    risteBy riste29/09/2019No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометарите на Еурофарм Работник повторно загубија на сличен начин како претходните два натпревари во Лигата на шампионите.

    Попладнево го забележа и третиот пораз, откако на гости кај Бидасоа го завршија натпреварот 26:25 (11:14). Битолскиот тим повторно беше подобар во првиот дел, но немаше сила да го издржи темпото во второто полувреме и на крајот загуби минимално. Македонскиот вицешампион речиси идентично како и во Шведска, одлично го отвори мечот во Шпанија и водеше во текот на целото прво полувреме за да замине на одмор со предност од 14:11.

    На почетокот од вториот дел Бидасоа направи серија од 4:1 и во 40.  минута намали на 15:16. Се играше израмнето се до двете исклучувања на Јотиќ и Вегар и следуваше голем пад на македонскиот тим. Шпанците успеаа да направат разлика од 23:20 која ја задржаа до самиот крај и покрај тоа што Еурофарм се закани и имаше негатива од еден гол разлика (24:23, 25:24), но домашната екипа славеше со 26:25. Најефикасен кај Еурофарм Работник беше Остроушко со девет гола, а Никола Митревски имаше десет одбрани.

    Следниот натпревар од групата Ц во Лигата на шампионите, битолчани го играат против финскиот тим Кокс за две недели во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.