Ракометарите на Еурофарм Работник повторно загубија на сличен начин како претходните два натпревари во Лигата на шампионите.
Попладнево го забележа и третиот пораз, откако на гости кај Бидасоа го завршија натпреварот 26:25 (11:14). Битолскиот тим повторно беше подобар во првиот дел, но немаше сила да го издржи темпото во второто полувреме и на крајот загуби минимално. Македонскиот вицешампион речиси идентично како и во Шведска, одлично го отвори мечот во Шпанија и водеше во текот на целото прво полувреме за да замине на одмор со предност од 14:11.
На почетокот од вториот дел Бидасоа направи серија од 4:1 и во 40. минута намали на 15:16. Се играше израмнето се до двете исклучувања на Јотиќ и Вегар и следуваше голем пад на македонскиот тим. Шпанците успеаа да направат разлика од 23:20 која ја задржаа до самиот крај и покрај тоа што Еурофарм се закани и имаше негатива од еден гол разлика (24:23, 25:24), но домашната екипа славеше со 26:25. Најефикасен кај Еурофарм Работник беше Остроушко со девет гола, а Никола Митревски имаше десет одбрани.
Следниот натпревар од групата Ц во Лигата на шампионите, битолчани го играат против финскиот тим Кокс за две недели во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.