Кајл Кузма нема да му биде на располагање на Лос Анџелес Лејкерс за првиот натпревар од новата НБА сезона против градските ривали Клиперс. Крилото го продолжува периодот за рехабилитација по повредата на левата нога, а „езерџиите“ официјално објавија дека тој ќе го пропушти отворањето на сезоната 2019/2020.
Пред неколку дена, крилото го продолжи договорот со Лејкерс до летото 2021 година.