Меѓународната атлетска федерација ги објави имињата на атлетичарките кои ќе конкурираат за наградата – најдобра во 2019 година.
Во преден план се наметнуваат спринтерката Дина Ашер-Смит (Велика Британија) која има три златни медали и светската шампионка на 1500 и 10.000 метри Сифан Хасан. Во потесната конкуренција влегуваат и светската шампионка во скок во височина, Марија Ласиткене, како шампионката од СП во Доха во скок со стап, Малејка Михамбо.
Свеченото прогласување на најдобрите ќе биде реализирано на 26 октомври на церемонија во Талин (Естонија).

