Генералниот директор на руската Антидопинг агенција (РУСАДА) – Јуриј Ганус, не верува дека спортистите од неговата земја ќе добијат зелено светло да се појавата на Летните Олимписки игри во Токио како и на Зимските Игри во Кина.
Според него, Русија може да има претставници на ЛОИ доколку одредени спортисти добијат посебна покана како што се случи на претходните Зимските олимписки игри во Пјонгчанг. Ќе потсетиме дека Русија беше инволвирана во системскиот допинг организиран од страна на државата по што ВАДА ја суспендираше од сите значајни натпреварувања.
Руските спортисти добија забрана за настап на Олимпијадата во Рио и на неколку други меѓународни настани.

