17-годишната, Алис Робинсон од Нов Зеланд, приреди вистинска сензација на стартот на новата сезона во Светскиот Куп во алпско скијање.
Таа на денешната велеслаломска трка во австрискиот зимски центар Зелден, успеа да ги изненади главните фаворитки, Микаела Шифрин (САД) и Французинката, Теса Ворли кои ги пополнија второто и третото место на пиедесталот . Втората сензација на отворањето на новата сезона е настапот на 25-годишната Норвежанка, Марија Тереза Твиберг, која заврши на шестото место иако по првото возење имаше 26-то време.
В недела на истата патека во Зелден ќе се вози и воведната сезонска трка во машка конкуренција исто така во велеслалом.