Маратонската трка која е дел од летните Олимписки Игри догодина во Токио, сепак ќе се трча на патеката во градот Сапоро кој е одалечен 500-ни километри од јапонската престолнина, потврдија неодамна од Интернационалниот Олимписки Комитет.
На тоа реагираше Гувернерката на Токио, Јурико Коике, која напомена дека градот не ја отфрла можноста да испрати тужба до ИОК и да бара отштета. Според неа, за преселбата на Маратонот од Токио во Сапоро ќе мора да се потрошат непланирано околу 310 милиони долари.
Ќе потсетиме дека одлуката на ИОК за промена на локацијата на Маратонот се базира на временските услови. Имено во тој дел од годината температуите во Токио се многу високи додека во северниот дел на земјата во кој е лоциран Сапоро, атлетичарите ќе имаат многу поповолно време за трчање.

