Тимот на Голден стејт се соочува со големи проблеми од почетокот на сезоната во НБА лигата, пред се поради слабите резултати, а капак на се, дојде синоќешната повреда на најдобриот кошаркар во тимт, Стеф Кари. Тој се повреди на дуелот со Феникс, кој Воините го загубија дома, и мора да оди на операција на дланката.
Повредата е сериозна, но засега не се знае колку точно Кари ќе отсуствува од терените.
РЕЗУЛТАТИ:
Кливленд – Чикаго 117:111
Орландо – Њујорк 95:83
Филаделфија – Минесота 117:95
Бостон – Милвоки 116:105
Бруклин – Индијана 108:118
Торонто – Детроит 125:113
Оклахома – Портланд 99:102
Вашингтон – Хјустон 158:159
Сакраменто – Шарлот 111:118
Јута – ЛА Клиперс 110:96
Голден Стејт – Феникс 110:121

