Кошаркарите на Далас ја обезбедија и 11. победа оваа сезона, откако синоќа славеа на тексашкото дерби со Хјустон и тоа како гости со 137:123.. Лука Дончиќ имаше уште една извонредна вечер во која постигна 41 поен, додаде 10 асистенции и реализираше шест скока, а од друга страна, првиот стрелец на лигата, Џејмс Харден, постигна само 32 поени со исклучително лоша статистика на реализирани поени.
Во градското дерби меѓу Њујорк и Бруклин победата им припадна на Нетс кои славеа минимално со 103:101, а фантастичната победничка низа ја продолжија и кошаркарите на ЛА Клиперс, кои утрово пред своја публика славеа над Њу Орлеанс со убедливи 134:109. Харел беше прв стрелец со 34 поени, додака Ленард заврши со 26 поени за победниците.
РЕЗУЛТАТИ:
Хјустон – Далас 123:137
Њујорк – Бруклин 101:103
Вашингтон – Сакраменто 106:113
Денвер – Феникс 116:104
ЛА Клиперс – Њу Орлеанс 134:109