Серхио Љуљ, кошаркарот на Реал Мадрид, ќе направи подолга пауза откако се повреди на викенд мечот со Гран Канарија, потврдија медиумите во Шпанија.
Тие наведуваат дека се работи за повреда на десниот феморален бицепс и дека дополнителните лекарски прегледи ќе потврдат колку време играчот на „белите“ ќе мора да биде надвор од кошаркарските објекти.
Шпанецот во тековнава сезона во Евролигата се појави на девет мечеви и направи просек од 9,4 поени, 3,8 асистенции и 1,4 скокови. Љуљ во домашниот шампионат има просек од 13,6 поени, 3,3 асистенции и 1,3 скока.