Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Еурофарм Работник го игра последниот натпревар од сезоната во ЛШ
    Ракомет

    Еурофарм Работник го игра последниот натпревар од сезоната во ЛШ

    risteBy riste30/11/2019No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометарите на Еурофарм Работник денес го играат последниот меч од групната фаза во Лигата на шампионите против Бидасоа Ирун од Шпанија.

    Македонскиот преставник во ЛШ направи променат на тренерската позиција по завршувањето на соработката со Стевче Алушовски, но денес ќе се обидат да стигнат до третата победа оваа сезона. Во одбраната за денешната средба се враќа Милорад Кукоски, кој се враќа во конкуренција по еден месец пауза.

    На голманската позиција шанса ќе добие Градимир Чаневски заедно со Никола Митревски, а во составот не се најде Филип Чурлевски. Еурофарм Работник оваа сезона загуби неколку меча во драматичен финиш и со еден погодок разлика, па се надеваат дека истото нема да се повтори денес пред битолската публика во салата „Боро Чурлевски“.

    Исто така првиот меч во Шпанија заврши во полза на домашната екипа, која славеше со минимални 26-25. Денешниот меч е шанса за реванш на Еурофарм, кој ќе игра за да го избегне последното место во групата Ц. Натпреварот се игра во Битола со почеток од 17:30 часот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.