Ракометарите на Еурофарм Работник денес го играат последниот меч од групната фаза во Лигата на шампионите против Бидасоа Ирун од Шпанија.
Македонскиот преставник во ЛШ направи променат на тренерската позиција по завршувањето на соработката со Стевче Алушовски, но денес ќе се обидат да стигнат до третата победа оваа сезона. Во одбраната за денешната средба се враќа Милорад Кукоски, кој се враќа во конкуренција по еден месец пауза.
На голманската позиција шанса ќе добие Градимир Чаневски заедно со Никола Митревски, а во составот не се најде Филип Чурлевски. Еурофарм Работник оваа сезона загуби неколку меча во драматичен финиш и со еден погодок разлика, па се надеваат дека истото нема да се повтори денес пред битолската публика во салата „Боро Чурлевски“.
Исто така првиот меч во Шпанија заврши во полза на домашната екипа, која славеше со минимални 26-25. Денешниот меч е шанса за реванш на Еурофарм, кој ќе игра за да го избегне последното место во групата Ц. Натпреварот се игра во Битола со почеток од 17:30 часот.