Возачот на Ферари во Формула 1, Чарлс Леклер, се осврна на шпекулациите дека Луис Хамилтон може да си замине од шампионскиот состав на Мерцедес и да се пресели во италијанскиот тим.
„Ако тоа се случи, ќе му посакам добредојде. Имав прилика да возам со Фетел и научив многу. Сакам да учам од шампионите“ – изјави младиот Леклер.
Британскиот возач кој има договор со Мерцедес за уште една сезона, се почесто е предмет на шпекулација дека може да си замине од германскиот тим кој доминира во така наречениот –„циркус на тркала“.