Репрезентативките на Норвешка во Биатлон успеаа да победат во денешната штафетна трка 4х6 км која во тешки временски услови беше реализирана на патеката во шведското зимско одморалиште -Остерсунд.
Норвежанките постигна вкупно време од 1:11:08 часа и успеаа да слават пред биатлонките на Швајцарија кои мораа да поминат четири дополнителни круга на стрелиштето. Домашната селекција на Шведска на крајот го пополни третото место на пиедесталот откако заработи казна од 10,2 секунди.
Во светскиот екипен куп кај жените првото место го има Норвешка пред Шведска и селекцијата на Германија.
.