Луис Хамилтон е изненаден што повеќето возачи во Формула 1 се јавувале кај првиот човек на Мерцедес, Тото Волф и се распрашувале дали ќе може да добијат ангажман во неговиот тим. Шесткратниот освојувач на титулата во континуитет е дел од гласините дека на крајот на наредната сезона ќе го напушти Мерцедес.
„Многу возачи си бараат ново место. Тото добил неколку повици и бил запрашан дали има слободно место во екипата на Мерцедес“ – изјави Британецот.
Неговиот договор со германскиот тим е валиден до крајот на наредната сезона во 2020 година. Тогаш без договор ќе останат и Себастијан Фетел, Валтери Ботас и Макс Верстапен.

