Боксерскиот меч меѓу Ентони Џошуа и Енди Руиз го сруши рекордот за најплатени посети на – „Sky Sports“.
Иако сè уште нема официјални податоци од медиумите, британскиот менаџер, Еди Хорн, вели дека дуелот го следеле повеќе од 1,53 милиони гледачи со што е надминат рекордот кој беше поставен во 2017 година за мечот меѓу Џошуа и Владимир Кличко на Вембли.
Двајцата боксери според договорот ќе добијат солиден процент од вкупната сума. Џошуа ќе инкарсира рекордни 46 милиони фунти во кариерата додека 10 милиони ќе добие Руиз.