Лидерот на Истокот во НБА лигата, Милвоки Бакс, нема да може да смета на плејмејкерот Ерик Бледсо најмалку две недели.
30-годишниот Бледсо има мала фрактура на ногата која ја доби во петокот кога се судри со неговиот соиграч Весли Метјус.
Од почетокот на сезоната за екипата на Милвоки, која е во серија од 18 последователни победи, Бледсо има просек од 15 поени, 5,7 асистенции и 4,9 скока по натпревар.

