Трикратниот олимписки шампион Камил Стох (Полска) победи на натпреварувањето од Светскиот куп во ски-скокови одржано денес на скокалницата во Енгелберг (Швајцарија).
Стох собра 288,7 поени откако скокна 138,0 и 136,0 метри за да дојде до својата прва победа во сезоната и 35-та во во кариерата.
Втор само со 1,7 поени остана Светскиот шампион во Лахти во 2017 година, Штефан Крафт од Австрија, по 134,5 и 137,5 метри. Германецот Карл Гајгер беше трет со 277,6 поени (133,5 и 135,0).
По три последователни подиуми, Крафт го презеде водството во генералниот пласман оваа сезона по 7 од 31 натпревари со 356 поени, оставајќи го зад себе Јапонецот Кобајаши со 16 поени помалку. Гајгер е трет со 297 поени.

