Лос Анџелес Лејкерс загубија убедливо од Денвер со 128:104 во меч на домашен терен во НБА лигата синоќа. Без Леброн Џејмс, „езерџиите“ не можеа да му се спротивстават на еден од главните ривали на Западот.
Денвер одигра одличен меч во кој Пол Милсап заврши како најдобар реализатор со 21 поен. Вил Бартон постигна дабл-дабл ефект со 14 поени и 12 скока. Кај домашните, Ентони Дејвис, имаше дабл-дабл од 32 поени и 11 скокови.
Интересно, за Лејкерс ова е трет пораз по ред. Денвер, пак, дојде до шестата последователна победа.
Феноменален пресврт направи Торонто во дуелот со Далас. Иако шампионот беше на минус 30, во последната четвртина направи неверојатен пресврт и дојде до победа од 110:107 за еден од најголемите пресврти во НБА лигата.
Торонто – Далас 110:107
Бостон – Шарлот 119:93
Милвоки – Индијана 117:89
Оклахома Сити – ЛА Клиперс 118:112
ЛА Лејкерс – Денвер 104:128