Некогашниот возач во Формула 1, Герхард Бергер, се осврна на кариерата на актуелниот шампион, Луис Хамилтон, кој се почесто се поврзува со можен трансфер во екипата на Ферари.
Британецот кој е сега член на шампионскиот состав на Мерцедес, доколку успее да дојде до уште една титула, ќе го изедначи рекордот на легендарниот, Михаел Шумахер, кој 6 пати стана шампион во така наречениот „циркус на тркала“. Затоа Бергер излезе со мал совет за младиот возач.
„Мора да се одбере вистинското време за трансфер во Ферари. Мислам дека тој треба да оди таму, но, откако ќе ги сруши сите рекорди. Хамилтон има фантастичен тим кој победува и тоа треба да го искористи“ – потенцира Бергер.

