На посебна свеченост, вечерва, македонската кошаркарска федерација ги врачи наградите за најдобрите во 2019 година. Ненад Димитријевиќ од екипата на Хувентуд е кошаркарот на годината во изборот на КФСМ.
Наградата за најдобра кошаркарка годинава отиде во рацете на Александра Стојановска. Наградата за најдобар тренер, отиде во рацете на предводникот на шампионскиот тим на МЗТ Скопје А., Ѓорѓи Кочов. Во женска конкуренција, тренерот на ЖКК Вардар, Жаклина Стојановска, беше прогласена за тренер на годината. Најдобар македонски тренер во странство е Емил Рајковиќ.
Шампионот во машка конкуренција, МЗТ Скопје А. е најдобрата екипа за 2019 година, додека кошаркарите на Вардар се прогласени за најдобра женска кошаркарска екипа во тековната година. Во конкуренција на најдобрите млади кошаркари, оваа година признанијата завршија кај Андреј Јакимовски за најдобар младинец и кај Илина Селцова, која беше прогласена за најдобра младинка.
Најуспешна младинска репрезентација во машка конкуренција е селекцијата до 16 години. Александар Милојевиќ е најдобриот судија за оваа година. Признанието за најдобра женска екипа во младинска конкуренција отиде во рацете на екипата на Бадел, додека МЗТ Скопје ја има најдобрата машка младинска екипа за тековната година. За најдобар тренер во женска младинска конкуренција е проглесен Владимир Ѓоровиќ од Бадел, а за најдобар тренер во машка младинска конкуренција, Горан Крстевски од МЗТ Скопје.

