Норвешкиот ски-скокач Мариус Лидвиг успеа да победи на вториот натпревар од турнејата „Четири скокалници“ кој се одржа денес во Гармиш-Партенкирхен.
Лидвиг до победата дојде со скокови од 143,5 и 136 метри и ги изненади фаворитите, пред се јапонецот Кобајаши. Покрај Норвежанецот место на подиумот имаше за Карл Гајгер (Германија) и Давид Кубацки од Полска.
Јапонецот Роју Кобајаши не успеа да дојде до посакуваниот рекорд со шест победи по ред на ова престижно натпреварување и заврши само на четвртата позиција. Следната дестинација во рамки на „Четири скокалници“ е на 4 јануари во Инсбрук, додека последниот натпревар е закажан на 6 јануари во Бишофсхофен.

