Русинот, Александар Болшунов, победи во бијатлонското натпреварување –„Тур де ски“ кое денеска заврши со трката од 10-километри на патеката во Вал ди Фиеме (Италија).
Второто место му припадна на Сергеј Устугов исто така од Русија додека третото место во генералниот пласман го има минатогодишниот шампион, Јоханес Клајбо (Норвешка). Што се однесува до денешната трка, прв заврши Симен Кругер (Норвешка), втор беше Шур Рут додека Болшунов дојде до третото место кое му овозможи да се израдува на вкупна победа.
Во Светскиот куп досега се реалзирани 16 трки од вкупно 40- предвидени а Болшунов останува на лидерското место со 1081 бода пред Клајбо со 1006 и Устигов со 845 поени.

