Ниту 34. поени на Расел Вестбрук не му помогнаа на тимот на Хјустон да замине како победник од синоќешното дерби во НБА лигата против екипата на Оклахома. На гостувањето во „Чешпик Енерџи Арена“, Хјустон беше поразен со 113:92 во меч во кој доминираше Вестбрук, но домаќините пред се со тимска игра успеаја да ја прокнижат 22-та сезонска победа.
Клучна за победата се чини беше првата четвртина кога Оклахома направи разлика од цели 16 поени. Дабл-дабл ефект кај домашните на оваа средба имаше Данило Галинари кој оствари 23 поени и 11 скока со 4 асистенции.
Филаделфија синоќа му го нанесе и третиот последователен пораз на Бостон. Пред своја публика 76-ките славеа со 109:98 благодарение на одличната игра на Ричардсон кој средбата ја заврши со 29 поени, 2 скока и 7 асистенции. Кај Бостон, Кемба Вокер постигна 26 поени.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Детроит – Кливленд 112:115 (пр.)
Филаделфија – Бостон 109:98
Оклахома – Хјустон 113:92
Минесота – Портланд 116:102

