Пилотот на Ф1 тимот „Расинг Поинт“ Серхио Перез јасно стави до знаење дека по истекот на сегашниот договор може да ја заврши кариерата во Формула 1. Мексиканецот вели дека доколку не почне да победува, ќе биде приморан да замине.
„Промената на регулативите ми дава надеж, особено затоа што знам што се случува во тимот. Но, морам да бидам реален. Не можам да дојдам до Ферари или Мерцедес, па затоа сум среќен со моето место, особено знаејќи што се случува во бекстејџот на Формула 1“, вели тој.
