Петкратниот олимписки шампион, Мартин Фуркад (Франција), оствари втора победа во германскиот зимски центар Оберхоф откако триумфираше на масовниот старт на 15 км од Светскиот куп во Биатлон.
31-годишниот натпреварувач кој има 11-ет титули светски шампион, во петокот победи и во Спринтот на 10 километри.Французинот денеска ја мина патеката за 41: 01.4 минути. Второто место му припадна на Германецот, Арнд Пифер додека третото го освои Симон Дестио (Франција).Победникот на Светскиот куп и лидер во сезонава, Јоханес Тингес Бо (Норвешка) го пропушти стартот во Оберхоф бидејќи неговата сопруга набрзо треба да се породи.
Наредното коло од Светскиот куп во Биатлон ќе се одржи од 15 до 19 јануари во Рухолдинг.

