Швајцарскиот скијач, Беат Фојц ја запиша својата втора победа оваа сезона, откако денес триумфираше на спуст трката во Венген. Ова беше десетта победа на Швајцарецот во спуст, од вкупно 12 кои ги има во кариерата.
Со време од 1:42.53 зад себе го остави Италијанецот, Доминик Парис, кој заврши на втората позиција (1:42.82), додека за место на подиумот имаше и за Томас Дресен од Германија.
Во спуст Фојц ja зголеми предност во однос на Парис, додека во генералниот пласман лидер и понатаму е Пинтуро со само три бода повеќе од Кристоферсен.