Олимписката и светската шампионка во биатлон на патеката од 15 км, Хана Јиберг, победи во денешната трка со масовен старт на делницата од 12,5 км реализирана во рамките на Светскиот куп во зимскиот центар Покљука (Словенија).
24-годишната Швеѓанка ја помина патеката за 34:14.4 минути и направи само една грешка на стрелиштето. За неа тоа е прва сезонска победа или вкупно четврта во кариерата. Втора на крајот е Италијанката, Лиза Витози додека Анаис Бескон (Франција) го освои третото место.
Норвежанката, Тирил Ехоф, останува на лидерското место во Светскиот куп со 524 поени. Ја следат Доротеја Вирер (Италија) со 509 поени и Хана Јиберг (Шведска) со 456 поени.