Екипата на Рено во Формула 1, потврди, дека новиот технички директор, Пат Фрај, ќе стартува на работното место во текот на наредната недела.
Во месец ноември беше објавено дека 55-годишниот специјалист ќе започне со работа во францускиот тим, но, тогаш не беше прецизиран датумот. Сега е јасно дека Фрај ќе започне од 5 февруари што значи дека ќе се појави на официјалната промоција на новиот болид на 12 февруари.
Англичанецот во изминатиот јули се раздели со екипата на Мекларен по што мораше да почека одреден период за да може да започне да работи за конкурентскиот тим на Рено

