Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Еурофарм Пелистер со активен пораз ќе го чека реваншот во Битола
    Ракомет

    Еурофарм Пелистер со активен пораз ќе го чека реваншот во Битола

    risteBy riste01/02/2020No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Во првиот натпревар од осминафиналето на СЕХА лигата, екипата на Еурофарм Пелистер е поразена на гостувањето во Нашице кај Нексе со 23:20 (10:9) и со активен пораз ќе го чека реваншот во Битола.

    И покрај тоа што тренерот на домашната екипа Хорват не можеше да смета на тројца стандардни првотимци, а кај битолчани недостигнаа Шевелев, Кузманоски и Стјепановиќ сепак гледавме добар натпревар кој заврши со победа на домашниот тим.

    Двете екипи почнаа нервозно и со многу технички грешки, но сепак на полувреме се замина со минимална предност од 10:9, но во вториот дел Нексе направи резултатска предност која на крајот им даде предност пред гостувањето во Битола.

    Најефикасни во тимот на Нексе беа Јаман Баришиќ и Кевиќ со четири гола, а Морено Цар имаше девет одбрани. Кај Еурофарм Пелистер се истакнаа Остроушко со седум и Јотиќ со шест гола, а Митревски и Чаневски заедно имаа 15 одбрани.

    Реванш натпреварот, по кој ќе се знае кој ќе му биде противник на Вардар во четвртфиналето, ќе се игра на 12 февруари во 20:15 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.