Макс Верстапен кој е дел од екипата на Ред Бул Хонда во Формула 1, верува дека во новата сезона може да го победи, Луис Хамилтон, кој три години по ред е неприкосновен владател во најбрзиот циркус на планетава.
Згора на тоа, Британецот кој има освоено шест шампионски титули, дојде на чекор до изедначување на рекордот кој го држи легендарниот Михаел Шумахер. Иако анализите велат Хамилтон со болидот на Мерцедес повторно ќе го има главниот збор на патеката, 22-годишниот Верстапен верува во успех на неговиот тим.
„Убеден сум дека во 2020 година може да успееме“ – изјави Верстапен пред почетокот на новата сезона која традиционално ќе стартува на 15 март на патеката во Австралија.

