Тимот на САД го победи тимот на Светот со 151:131 во дуелот меѓу дебитантите и играчите со една година стаж во НБА лигата, на отворањето на 69. издание на Ол-стар викендот, кој се одржува во Чикаго.
Како и што се очекуваше, ѕвезда на вечерта беше првиот пик на драфтот, Зион Вилијамсон.
Најефикасен во тимот на САД беше Ерик Пашал со 23 поени, додека во редовите на Светот, Канаѓаните Р.J. Барет со 27 и Брендон Кларк со 22 поени беа први стрелци, додека Лука Дончиќ постигна скромни 16 поени.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=fY5fRQgwcOE&feature=emb_logo