Најуспешниот сноу-бордер во историјата, трикратниот носител на олимписко злато, Шон Вајт, одлучи дека нема да се појави на Летните олимписки игри во Токио. Тој во последното интервју нагласи дека нема да се обиде да се квалификува за Скејт-бординг конкуренцијата бидеќи сака да се насочи само кон зимските спортови.
„Одлуката е донесена врз основа на прашањето дали бев подготвен да се натпреварувам само на снег?. Работите одеа во таа насока и јас не се чувствував пријатно на скејт-бордот “ – рече Вајт.
Американецот влегува во ретката група на спортисти кои планираат учество на Зимските и летните олимписки игри.

