Денешата трка во веле-слалом во рамките на Светскиот куп во алпско скијање која требаше да се реализира во норвешкиот зимски центар – Квитфил, беше откажана поради големо невреме и лошите временски услови.
Вчера практично во последната сезонска трка, Матијас Маер од Австрија успеа да дојде до првото место, но, малиот кристален глобус на крајот заврши во рацете на Беат Фојц кој со пласманот на четвртото место успеа да ја оствари посакуваната цел.
Швајцарецот трета сезона по ред успева да дојде до победничкиот пехар во веле-слалом.