Формула 1 тимот на Мекларен објави дека 14 члена ќе бидат во карантин во наредните две недели откако беше потврдено дека едно од лицата кои работат во екипата е позитивно на корона-вирус.
Познато е дека почетокот на сезоната е пролонгиран за 22 март со трката во Бахреин, но, тоа е условено со натамошниот развој на настаните околу корона-вирусот.
„Веројатно ќе се откаже и трката во багреин, тоа е неизбежно. Иако нема официјална потврда, тешко ми е да замислам дека екипите се подготвени да заминат во Бахреин“ – изјави првиот човек на Ред Бул, Кристијан Хорнер.
