Британскиот боксер Ентони Џошуа е во изолација откако неодамна се сретнал со Принцот Чарлс, кој е заразен со коронавирус.
Вчера, Принцот Чарлс објави дека е позитивен за „Ковид-19“ и има поблаги симптоми на болеста. По состанокот него на 9 март, Џошуа одлучи да се изолира.
Претставник на британскиот боксер рече дека тој е во неговиот дом и засега не покажал знаци на коронавирус. Џошуа треба да боксува со бугарскиот боксер Кубрат Пулев на 20 јуни.