Поранешната олимписка, светска и европска шампионка во пливање, Федерика Пелегрини, одлучи да ги стави на аукција сите награди и медали кои ги има освоено во својата долгогдишна кариера.
Познатата Италијанка ќе се обиде од аукцијата да собере што повеќе пари за да им помогне на лекарите на северот на Италија. На аукцијата ќе има најмногу медали, но и костими за пливање, капчиња, чаши и други предмети.
Речиси една деценија, Федерика Пелегрини беше најдобра пливачка на планетата во слободен стил на 200 и 400 метри. На Олимпијадата во Пекинг во 2008 година, таа освои злато во оваа дисциплина, а четири години порано сребро на Игрите во Атина.