Од 1 мај, Австрија има намера да дозволи одржување на спортски натправри во спортови како што се тенисот и голфот, кои се компатибилни со мерките за социјална дистанца поради пандемијата од коронавирусот.
Во Австрија карантинот трае веќе еден месец, па владата одлучи да ублажи некои мерки против ширењето на вирусот, вклучително и во спортот.
„Секако, индивидуалните спортови на отворено каде нема контакт имаат предност пред тимските спортови“, рече вицеканцеларот и министер за спорт, Вернер Коглер.
Од 1 мај граѓаните ќе можат да тренираат голф, тенис, атлетика, коњички спортови, стрелаштво и стреличарство.