Најпопуларната велосипедска трка во светот „Тур Д’ Франс“ вчера беше првично одложена, но веднаш беше пронајден нов термин за нејзиното годинешно издание.
Организаторите вложија напори да најдат решение, иако многумина сметаа дека овој настан треба да биде одложен, исто како и сите други големи спортски настани.
Првично планираната трка за периодот од 27 јуни до 19 јули, во договор со Меѓународната велосипедска федерација сега е поместена во нов термин – 29 август до 20 септември.
Легендарната трка во Франција ќе се вози без присуство на публика.