Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Меѓународен микс»Ватерполото и тенисот најбезбедни, кошарката и одбојката во најзагрозените
    Меѓународен микс

    Ватерполото и тенисот најбезбедни, кошарката и одбојката во најзагрозените

    sasoBy saso01/05/2020No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Министерството за спорт и Олимпискиот комитет на Италија подготвија список на спортови по категорија на ризик од ширење на коронавирусот. Опсежната студија направена во соработка со научните институции на Италија подели 387 спортски дисциплини оценети со оценки од 0 до 4.

    Наводно, спортови кои не нудат скоро никаква можност за ширење на инфекцијата се: едрење, пливање на отворено, голф и тенис. Што се однесува до тенисот, исто така, се утврдуваат правилата кои препорачуваат тенисерите да носат очила и ракавици, а секој играч треба да има свои топки на услугата и дека и двајцата играчи ќе избегнуваат да одат истовремено кон мрежата.

    Категориите 0 и 1 се само индивидуални спортови, а меѓу нив атлетика.

    Во случаите на колективни спортови, најмал ризик од ширење на коронавирусот има во ватерполото, кој е во категоријата два, со образложение дека ватерполо се игра во хлорирана вода, што го оневозможува вирусот.

    Фудбалот се наоѓа во категоријата три, додека кошарката, одбојката и ракометот се во „најзагрозената“ категорија четири, како и сите воени вештини. Наведено е дека во спортови во затворен простор, контактите се почести, просторот е помал, а одбојката е специфична затоа што дејствувањето се одвива преку мрежат, каде играчите се многу блиску едни до други.

    За играчите во колективните спортови, се препорачува натпреварувачите да бидат тестирани 48 часа пред секој натпревар, да носат маски на клупите и редовно да се прави дезинфекција на сите реквизити.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Валс: Ограничувањето на буџетот не донесе ништо добро

    12/11/2026

    Шолин: Ограничувањата на буџетот влијаат на квалитетот

    10/11/2026

    Абдилахи ќе се врати на патеките

    08/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.