Добри вести од најсилната светска кошаркарска лига стигнаа утринава. По новата серија тестирања кои беа направени, во пресрет на продолжението на сезоната, ниту еден од кошаркарите кои треба да настапат на завршницата во Орландо не е позитивен на коронавирусот.
Првиот натпревар во НБА лигата ќе го имаме на крајот на јули во комплексот „Дизни Ворлд“. Според американските медиуми, ниту еден играч не бил позитивен на последните тестови, поточно, од 13 јули, кога се направени и последните тестови.