Светскиот шампион во Мото ГП, Марк Маркез, повторно бил подложен на операција на десното рамо, соопштија од тимот на Репсол Хонда. Иако не е официјално, 99% тој нема да може повторно да се појави овој викенд на Гран-при на Чешката во Брно.
Причина за оваа втора операција на десниот хумерус, скршен на шпанското Гран-при што се одржа во Херез, е тоа што титаниумската плоча што била вметната во првата операција е оштетена.