Луис Хамилтон со болидот на Мерцедес беше најбрз на денешната трката во Формула 1 возена во Шпанија.
Британецот ја искористи пол-позицијата за да запише нов триумф на патеката – „Каталуња“ пред Макс Верстапен од Ред Бул и вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас. Бодови во Барселона денеска освоија и: Перез, Строл, Сајнц, Фетел, Албон, Гасли и Норис кои се пласираа од 4-то до 10-то место.
Хамилтон по 6 сезонски трки останува лидер на табелата со 132 бода пред Верстапен кој има 95 и Ботас кој досега собра 89. Наредната трка во Формула 1 ќе биде возена за Големата награда на Белгија.