Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Металург со голема предност по мечот со Спачва, а Бутел елиминиран од Европската лига
    Ракомет

    Металург со голема предност по мечот со Спачва, а Бутел елиминиран од Европската лига

    risteBy riste29/08/2020No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометарите на Металург се на добар пат да обезбедат пласман во второ коло од квалификациите за Европската лига на ЕХФ затоа што покажа одлична игра и остварија добра предност (35:28) на домашен терен во првиот дуел од првото квалификациско коло против хрватска Спачва.

    Екипата од Винковци играше добро во воведните петнаесетина минути, а потоа се останато беше во знакот на домаќинот. Доколку избраниците на Зоран Кастратовиќ одиграат вака и на реваншот во Винковци нема да имаат никаков проблем да се пласираат во следното коло. Најефикасни кај Металург беа Поповиќ со шест гола, Серафимов даде пет, а Тарабокија и Додиќ имаа по четири гола. Кај Спачва, Бунтиќ беше прво име со шест постигнати гола.

    Реваншот меѓу Спачва и Металург во Винковци е закажан на 5 септември.

    За разлика од Металург, својот настап во ова натпреваривање го заврши нашиот втор преставник Бутел кој на вториот натпревар одигран вечерва беше подобар од Ѓеншеш со 25:24, но вчерашниот пораз од 34:21 беше клучен за нивната елиминација.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.