Ракометарите на Металург се на добар пат да обезбедат пласман во второ коло од квалификациите за Европската лига на ЕХФ затоа што покажа одлична игра и остварија добра предност (35:28) на домашен терен во првиот дуел од првото квалификациско коло против хрватска Спачва.
Екипата од Винковци играше добро во воведните петнаесетина минути, а потоа се останато беше во знакот на домаќинот. Доколку избраниците на Зоран Кастратовиќ одиграат вака и на реваншот во Винковци нема да имаат никаков проблем да се пласираат во следното коло. Најефикасни кај Металург беа Поповиќ со шест гола, Серафимов даде пет, а Тарабокија и Додиќ имаа по четири гола. Кај Спачва, Бунтиќ беше прво име со шест постигнати гола.
Реваншот меѓу Спачва и Металург во Винковци е закажан на 5 септември.
За разлика од Металург, својот настап во ова натпреваривање го заврши нашиот втор преставник Бутел кој на вториот натпревар одигран вечерва беше подобар од Ѓеншеш со 25:24, но вчерашниот пораз од 34:21 беше клучен за нивната елиминација.