Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон славеше убедливо на трката за ГН на Белгија, седмата трка од годинашниот шампионат во Формула 1.
Британецот стигна до петтиот триумф оваа сезона на патеката „Спа Франкошампс“, а 89-та во неговата кариера, што значи дека тој сега е само на две победи од целокупниот рекорд што го држи Михаел Шумахер.
Второто место, со осум секунди заостанување, го зазеде Валтери Ботас, кој ја комплетираше двојната победа на Мерцедес. На двајцата на подиумот им се придружи Макс Верстапен од Ред Бул, кој за седум секунди заостана за д најдобриот.
END OF RACE (LAP 44/44)
Top 10
Hamilton
Bottas
Verstappen
Ricciardo
Ocon
Albon
Norris
Gasly
Stroll
Perez #BelgianGP 🇧🇪 #F1 pic.twitter.com/JDKRY8sJP9— Formula 1 (@F1) August 30, 2020