Хокеарите на Тампа Беј се пласираа во финалето на НХЛ лигата, откако во шестиот меч од финалето на Истокот успеаја да дојдат до четвртата победа во пресметките со Њујорк Ајлендерс.
Тампа победи со 2:1 по продолженија на шестиот натпревар и ја освои серијата на Истокот со 4:2 во победи. Во битката за Стенли Купот, екипата на Тампа Беј ќе се сретне со Далас, кој претходно ја доби серијата од финалето на Западната конференција.