Американската тв-мрежа ЕСПН објави дека Били Донован ќе биде нов тренер на Чикаго Булс. Донован ја загуби работата по испаѓањето на Оклахома Сити Тандер од плеј-офот, бидејќи таа франшиза не сакаше да го продолжи неговиот договор. Двете страни затоа се разделија, а веднаш потоа официјалниот претставник на Булси, Артурас Карнишовас започна разговори со овој тренер.
Според ЕСПН, Донован бил заинтересиран за визијата на Булси, пред се поради талентираните играчи и поради името на оваа голема франшиза што доминираше во 90-тите години. Оклахома, под водство на Донован, беше петпати по ред во плеј-офот.