Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас триумфираше на трката за ГН на Русија која денеска се возеше на автодромот во Сочи. Финецот започна од третата позиција и на крајот успеа лесно да стигне до втората победа во кариерата на оваа патека. Макс Ферстапен заврши како втор, шампионот Луис Хамилтон беше трет, а Серхио Перез беше четврти.
Поени освоија и Даниел Рикардо, Чарлс Леклерк, Естебан Окон, Даниел Квјат, Пјер Гасли и Александар Албон.
Ботас го престигна Макс Ферстапен на самиот старт, а подоцна во текот на трката го искористи пеналот на неговиот клупски колега Луис Хамилтон. Британецот беше казнет двапати со 10 секунди, што го спречи да го достигне легендарниот Михаел Шумахер на вечната листа по бројот на победи.
🏁 TOP 10 – POINTS FINISHERS 🏁
BOT 📸
VER
HAM
PER
RIC
LEC
OCO
KVY
GAS
ALB#RussianGP 🇷🇺 #F1 pic.twitter.com/koMED2jxfO— Formula 1 (@F1) September 27, 2020

